Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Концерт на хорот „Про арс“ во Истанбул во чест на Денот на независноста на Македонија

Концерт на хорот „Про арс“ во Истанбул во чест на Денот на независноста на Македонија

Во чест на државниот празник 8 Септември – Денот на независноста на Македонија, македонскиот Културно-информативен центар во Истанбул, во соработка со Асоцијацијата на истанбулската филхармонија, ќе ја претстави свечената концертна програма „Македонски мозаик“, концерт што ќе се одржи на 6 септември (сабота) во Ерменската католичка катедрала „Сурп Асдваѕаѕин“ во Бејоглу, Истанбул.

 

На истанбулската публика ќе ѝ се претстави мешаниот хор „Про арс“ од Скопје, предводен од реномираниот македонски диригент Сашо Татарчевски.

 

Под насловот „Македонски мозаик“, ќе бидат изведени композиции од истакнати македонски композитори: Драган Шуплевски, Стојче Тошевски, Трајко Прокопиев, Томислав Зографски, Властимир Николовски, Кирил Македонски, Стефан Гајдов, Стојан Стојков, Тодор Скаловски и Живко Фирфов. Репертоарот обединува хорски минијатури, народни мотиви и современи дела, создавајќи живописна звучна целина што ја претставува македонската музичка култура во нејзината разновидност.

 

Концертот во Истанбул е дел од активностите за културна промоција и афирмација на македонската култура и уметност во Република Турција, дел од годишната програма на Министерството за култура и туризам. 

Мени за пристапност