„Генеративна Уметност: Инспирација или Имитација 2.0“ е изложба што вечерва во 20 часот ќе биде отворена во КИЦ Белград. Проектот, поддржан од Министерството за култура и туризам, е на академскиот сликар Роберт Цветковски, реализиран во соработка со АРХИКС Студио (Ален Цветковски, Натали Велеска, Сара Велеска и Андреј Цветковски). Изложбата пред белградската публика ќе ја претстави директорот на КИЦ Белград, Васко Шутаров.
Проектот ја истражува тенката граница меѓу инспирацијата и имитацијата, преку трансформирање на делата на Роберт Цветковски во архитектонски концепти со помош на дигитални алатки и вештачка интелигенција. Поставката ги прикажува оригиналните уметнички дела, процесот на нивната интерпретација и финалните архитектонски решенија, отворајќи прашања за креативноста, авторските права и улогата на ВИ во современото творештво.
Изложбата ќе биде отворена до 20 август во КИЦ Белград.