Со учество на 13 ликовни уметници од Македонија, Србија, Хрватска, Бугарија и од Романија, од 6 до 11 август ќе се одржи 52. издание на Ликовната колонија „Куманово 2026“.
Колонијата ќе се реализира во комплексот „Етносело Тимчевски“, каде што уметниците ќе творат дела на слободна тематика. Делата создадени за време на колонијата ќе бидат изложени пред јавноста на 10 август во 20 часот.
Покрај творечкиот процес, во текот на престојот во Куманово, уметниците ќе ги посетат и културно-историските знаменитости во градот и неговата околина.
Ликовната колонија „Куманово“ е една од најстарите ликовни манифестации во државава. Денес, благодарејќи на повеќедецениската традиција, НУ Музеј – Куманово располага со фонд од над 700 слики и скулптури создадени во рамките на колонијата.
Ликовната колонија „Куманово 2026“ се реализира во организација на НУ Музеј – Куманово, под покровителство на Министерството за култура и туризам.