Десет уметници од Македонија, Србија, Бугарија, Хрватска, Косово, Австрија, Јапонија и Виетнам/Холандија од 12 до 19 август ќе учествуваат на 37. издание на Ликовната колонија „Галичник“, што годинава ќе се одржи под концептот „Галичник како медиум“.
Освен творечкиот процес, програмата предвидува јавни разговори со уметниците и работилница за деца, а делата создадени за време на резиденцијата ќе бидат претставени на биеналната изложба во 2027 година.
Ликовната колонија „Галичник“ се одржува веќе 37 години и досега обедини над 400 уметници од земјава и од странство. Низ годините создаде обемна колекција на современа визуелна уметност, а од традиционална ликовна колонија прерасна во меѓународна уметничка резиденција.