Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Почнува 22. Интернационален фестивал на античка драма „Стоби 2025“

Почнува 22. Интернационален фестивал на античка драма „Стоби 2025“

На големата сцена на театарот „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ во Велес со претставата „Агамемнон – кругот на крвта“ во изведба на „NEW YORK La MAMA EXPERIMENTAL THEATRE CLUB“ од Њујорк, САД, вечер во 20:00 часот свечено ќе биде отворено 22. издание на Интернационалниот фестивал на античка драма „Стоби 2025“.

 

Концептот, адаптацијата, режијата и изведбата на една од главните улоги во претставата е на Рефика Чавише.

 

Освен театарот од САД, на фестивалот, што ќе трае до 5 ноември, ќе настапат и Академијата „Медитеранеа делатори“ од Италија, Театарот од Куманово, Драмскиот театар од Скопје и Театарот од Штип, кој работи во рамките на НУ ЦК „Ацо Шопов“ и со претставата „Лекција“ на 5 ноември ќе го затвори фестивалот.

 

На ИФАД „Стоби 2025“ ќе бидат врачени востановените награди на фестивалот: за најдобра женска и машка улога, за најдобра претстава и за најдобра режија.

Мени за пристапност