НУ Албански театар за деца и млади – Скопје на 22 мај 2026 година со почеток во 19:00 часот премиерно ќе ја изведе детската претстава „Пиратот на времето“.
Претставата носи авантура исполнета со хумор, музика и фантазија, отворајќи ја темата за влијанието на технологијата и виртуелниот свет врз секојдневието на децата. Преку магијата на театарот, публиката ќе ужива во интерактивна приказна за имагинацијата, пријателството и вистинската комуникација.
Автор и режисер на претставата е Ибер Деари, сценографијата е на Ардијан Кадриу, костимите на Амра Исмани, а кореографијата на Кренаре Невзати. Во претставата настапуваат Беќир Адеми, Деа Пајазити, Флакрон Алиу, Мумин Абдулахи и Илир Речи.