Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Пијанистката Горјана Стојановска вечерва со концерт на „Охридско лето“

Пијанистката Горјана Стојановска вечерва со концерт на „Охридско лето“

Репертоарот на класична музика на 66. издание на фестивалот „Охридско лето“ продолжува вечер со концерт на македонската пијанистка Горјана Стојановска. Настапот ќе се одржи во црквата „Света Софија“ во 21 часот.

Родена во Битола, Горјана Стојановска музичкото образование го започнува во родниот град, а дипломира и магистрира на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Се усовршува на „Academia Talent Music Master“ во Бреша, Италија.

Добитничка е на многубројни награди на домашни и на меѓународни натпревари и има богата концертна активност како солист и камерен музичар во земјава и во странство. Настапувала со Македонската филхармонија, а во 2024 година и со Камерниот оркестар на Националната опера и балет во Виена. Од 2021 година е наставник по пијано во Државното музичко училиште во Битола.

Мени за пристапност