Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

„Кориолан“ на НУ Народен театар Битола дел од престижниот „Verona Shakespeare Fringe Festival“

„Кориолан“ на НУ Народен театар Битола дел од престижниот „Verona Shakespeare Fringe Festival“

На 21 јули, НУ Народен театар Битола ќе ја има светската фестивалска премиера на претставата „Кориолан“, во режија на Џон Блондел, во рамките на Shakespeare Fringe Festival во Верона, Италија.

 

Современата адаптација на безвременската трагедија на Вилијам Шекспир отвора актуелни прашања за власта, политичката одговорност и односот меѓу поединецот и општеството. Во претставата настапуваат: Васко Мавровски, Петар Горко, Марјан Георгиевски, Борче Ѓаковски, Петар Спировски, Јулијана Мирчевска и Сандра Грибовска Илиевска.

 

„Кориолан“ е петта соработка на Џон Блондел со Народниот театар Битола и негова четврта режија на дело од Шекспир.

 

Со учеството на овој престижен меѓународен фестивал, организиран од Skenè Research Centre при Универзитетот во Верона, Народниот театар Битола ќе ја претставува Македонија заедно со театри од: Италија, Велика Британија, Малта, Ерменија и Унгарија.

 

Мени за пристапност