Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

„Патувања“ – креативен инклузивен проект по повод Меѓународниот ден на лицата со попреченост

„Патувања“ – креативен инклузивен проект по повод Меѓународниот ден на лицата со попреченост

Во објектот Мала станица на 12 декември 2025 во 12:30 часот ќе биде отворена изложба на колажи изработени низ работилниците организирани по повод одбележувањето на Меѓународниот ден на лицата со попреченост. Оваа година се работеше на тема – патување. Изложбата ќе биде поставена во следните десетина дена.

 

Проектот „Патувања“ е инклузивен проект во кој заеднички твореа учениците од гимназиите „Орце Николов“, „Никола Карев“, „Јосип Броз-Тито“ – паралелка, меѓународна матура, ДСУРЦ „Партенија Зографски“ – училиште за деца со оштетен слух и говор. Ментори на учениците беа студенти од Факултетот за ликовни уметности – Скопје, водени од доц. м-р Велимир Жерновски и студенти од Универзитетот Фонтис од Холандија.

 

Преку уметноста, тие учеа за сите оние безвременски вредности, како што се љубовта, прифаќањето, смислата на постоењето, нешта што не се зависни од времето, а сепак се толку универзални. Можеби тоа се и најважните лекции што секој од нас ќе треба да ги има на своето патување наречено живот!

 

Едукатор на проектот е Маја Димитрова.

 

 

Мени за пристапност