Министерот за култура и туризам Зоран Љутков утре, четврток (11.12.2025 г) во 10:00 часот ќе ја посети Националната установа Природонаучен музеј Скопје.
Во рамки на посетата министерот Љутков заедно со Хрисула Кутуди, генерален извршен директор и Претседател на управниот одбор на Стопанска банка АД Скопје и директорот на Природонаучниот музеј Ивица Заркадов ќе потпишат Меморандум за соработка кој ќе се однесува за модернизација на музејот.
Изјава за медиуми предвидена е за 10:15 часот.