Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Македонска фестивалска приказна во европскиот „Топ 10“

Македонска фестивалска приказна во европскиот „Топ 10“

Д Фестивал, водечкиот летен фестивал во Македонија, е официјално избран меѓу 10-те најдобри фестивали во Европа за Европските фестивалски награди 2025 (European Festival Awards 2025), најпрестижното признание во европската фестивалска индустрија.

По јавниот избор од публика од цела Европа и одлуката на меѓународното жири составено од експерти од музичката индустрија, фестивалот се пласираше во финалната селекција на најдобрите 10 во категоријата Најдобар мал европски фестивал, како единствен претставник од Македонија.

Пласманот претставува значајно меѓународно признание за долгогодишната посветеност, програмската визија и продукцијата на Д Фестивал. Победниците ќе бидат објавени на 14 јануари 2026 година во Гронинген, Холандија.

Следното издание на Д Фестивал ќе се одржи од 26 до 28 јуни 2026 година во Штип, а веќе се најавени првите гости – IDLES кои за првпат ќе настапат во Македонија.

Мени за пристапност