Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Панел-дискусија за предизвиците при преводот на литературата меѓу Северна Македонија и ОАЕ

Панел-дискусија за предизвиците при преводот на литературата меѓу Северна Македонија и ОАЕ
Во рамки на претставувањето на Република Северна Македонија како почесен гостин и партнер на 35. Меѓународен саем на книгата во Абу Даби се одржа панел-дискусијата „Предизвиците при преводот на литературата меѓу двете земји“, посветена на значењето на преводот како важен инструмент за поврзување на книжевните и културните сцени на Северна Македонија и Обединетите Арапски Емирати.
 
 
На панелот учествуваа издавачот Филип Баткоски од „Бата прес“, проф. д-р Владимир Мартиновски од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при УКИМ, автор и преведувачката од арапски јазик и ориентилистот од НУБ „Св. Климент Охридски“ – Скопје, Маријана Кавчиќ.
 
 
Во фокусот на разговорот беа предизвиците и можностите за превод и објавување на македонската литература на арапски јазик, како и за приближување на арапската книжевност до македонските читатели. Беше истакната потребата од поголема издавачка размена, поддршка на преведувачките проекти и создавање одржливи професионални врски меѓу издавачите, авторите и преведувачите од двете земји.
 
 
Панел-дискусијата ја потврди и професионалната димензија на учеството на Северна Македонија на саемот во Абу Даби, кој покрај промоцијата на македонската литература и културното наследство, отвора конкретен простор за воспоставување нови партнерства и присуство на македонските автори и издавачки куќи на арапскиот книжевен пазар.

Мени за пристапност