Повикот за предлози за „Новинарски партнерства 2027“, кој е дел од Меѓусекторската потпрограма на „Креативна Европа“, предвидува проценет буџет од 14 милиони евра за поддршка на слободата и плурализмот на медиумите. Иницијативата има цел да ја зацврсти соработката меѓу организациите во секторот, да го промовира прекуграничното новинарство, да развива дигитални вештини и да поттикне создавање висококвалитетни новинарски содржини.
Повикот е организиран во рамките на две акции: „Соработка“ (Collaborations) и „Плурализам“ (Pluralism). Двете акции имаат максимално времетраење од 24 месеци, но се разликуваат во однос на условите за учество, стапките на кофинансирање и конкретните цели.
Повикот „Новинарски партнерства 2027“ претставува можност за медиумските организации и за другите релевантни чинители да воспостават европски партнерства, да развијат иновативни решенија и да придонесат за поодржлив, поразновиден и понезависен медиумски простор.
1. Новинарски партнерства – соработка (Collaborations)