Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Отворен е повикот „Циркулација на европски книжевни дела 2027“ (CREA-CULT-2027-LIT)

Отворен е повикот „Циркулација на европски книжевни дела 2027“ (CREA-CULT-2027-LIT)

Програмата „Креативна Европа“ го објави повикот „Циркулација на европски книжевни дела 2027“ (Circulation of European Literary Works - CREA-CULT-2027-LIT), наменет за поддршка на проекти што овозможуваат европските книжевни дела да допрат до нови читатели преку превод, објавување, дистрибуција и промоција во други земји.

 

За повикот за 2027 година се предвидени вкупно 5 милиони евра, а се очекува да бидат

поддржани околу 40 проекти.

 

Финансиска поддршка

 

Проектите се поделени во три категории според бројот на книжевни дела што ќе бидат преведени, објавени, дистрибуирани и промовирани:

 

– Проекти од мал обем: најмалку 5 книжевни дела, со грант до 100 000 евра.

– Проекти од среден обем: најмалку 11 книжевни дела, со грант до 200 000 евра.

– Проекти од голем обем: најмалку 21 книжевно дело, со грант до 300 000 евра (оваа категорија е наменета исклучиво за конзорциуми од најмалку две организации).

 

Стапката на кофинансирање од страна на Европската Унија е до 60 % од вкупниот квалификуван буџет на проектот. Грантот се доделува во форма на паушален износ, утврден врз основа на проценетиот буџет и условите на повикот.

 

Цели и приоритети на повикот

 

 

 

 

 

 

Мени за пристапност