Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Онлајн настан на тема: Презентација на новинарски идеи за повикот за „Новинарски партнерства 2026“

Онлајн настан на тема: Презентација на новинарски идеи за повикот за „Новинарски партнерства 2026“

Датум: 11 декември 2025 година


Време: 14:00 – 15:30
ч. (по средноевропско време)

Канцелариите на Креативна Европа од тринаесет земји ве покануваат на онлајн настан на кој ќе бидат презентирани новинарски идеи, со цел заинтересираните медиумски организации и други релевантни чинители да пронајдат партнери и да се вклучат во проектни предлози за претстојниот повик за „Новинарски партнерства 2026“ (со краен рок за аплицирање: 4 февруари 2026 година).

 

Целта на овој повик е да се поттикне соработка и иновативни активности што ги поддржуваат разновидноста, независноста и плурализмот на медиумскиот простор, како и медиумската писменост, со истовремено јакнење на слободата на уметничкото изразување, меѓукултурниот дијалог и општествената инклузија. Приоритет е поддршката на активности што им помагаат на медиумите да се приспособат на структурните и технолошките промени, особено во дигиталната средина.

 

Повикот опфаќа две теми: (1) Новинарски партнерства – соработка и (2) Новинарски партнерства – плурализам

 

 

Пријави го своето учество на настанот:

За да учествувате, регистрирајте се најдоцна до 10 декември 2025 година, 18:00 часот, преку следниот линк:

https://europacriativa-eu.zoom.us/webinar/register/WN_UXTZtDMSS0OXisksAhJTHw#/registration

Сите пријавени учесници ќе добијат Zoom-линк еден ден пред настанот.
Настанот ќе биде сним
ен, а работниот јазик е англиски.

Програма на настанот

Прв дел: Презентација на проектни идеи (Pitching)

  • Секоја презентација ќе трае до 5 минути
  • Потоа следуваат 2 3 минути за прашања и одговори

Втор дел: Вмрежување (Networking)

 

  • Учесниците ќе можат да се поврзат со организациите кои ги презентираат своите идеи преку виртуелни соби
  • Овој дел ќе овозможи размена на искуства, идеи и воспоставување потенцијални партнерства.

 

 

 

Мени за пристапност