Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

„Одбележани 80 години од излегувањето од печат на првата граматика на македонски јазик“

„Одбележани 80 години од излегувањето од печат на првата граматика на македонски јазик“

Собраниската Комисија за култура и туризам го одбележа 5 Мај, Денот на македонскиот јазик и јубилејот 80 години од излегувањето од печат на првата граматика на македонски јазик „Македонска граматика“ од Круме Кепески на кое присуствуваше директорката на Инспекторатот за употребата на македонскиот стандарден јазик Менче Андреева.

 

Со поздравно обраќање, настанот го отворија Саранда Имери-Стафаи, претседателка на Комисијата за култура и туризам и Весна Бендевска, потпретседателка на Собранието.

 

За важноста на изучувањето на македонскиот јазик во образованието, со осврт на граматиката на Круме Кепески свое тематско обраќање имаа неколку говорители, пратенички и универзитетски професори, меѓу кои и проф. д-р Јованка Кепеска, универзитетска професорка и ќерка на почитуваниот Круме Кепески. Taa потенцираше дека Граматиката има национално значење, остварување на вековниот стремеж на македонскиот народ да создаде граматика.

 

Кепески самоиницијативно ја создал Граматиката, без никакви притисоци во тоа време, потпишан како писател, а не автор.

 

Граматиката е основа да се осознае македонскиот јазик, сублиматат на карактеристиките на македонскиот јазик кои го разликуваат од другите јазици. Неговата ќерка заврши со зборовите: „Помил и посладок од мајчиниот јазик нема!“

Говорителите со љубов и почит говореа за македонскиот јазик, неговата примена и иднина. Посебна чест и задоволство, за секој од нас, треба да претставува употребата на македонскиот стандарден јазик при јавното говорење.

 

Да го славиме, да го сакаме и почитуваме нашиот мајчин македонски јазик, секој ден, во секоја прилика, затоа што јазикот е најпотполно сведоштво за постоењето на еден народ.

 

Честит и вековит нека е Денот на македонскиот јазик !

Мени за пристапност