Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Од 21 до 23 август ќе се одржи 38 издание на „Поетска ноќ во Велестово“

Од 21 до 23 август ќе се одржи 38 издание на „Поетска ноќ во Велестово“

Во петок, 21 август, започнува 38. издание на меѓународната манифестација „Поетска ноќ во Велестово“, која ќе трае до 23 август. Програмата ќе се одвива во Велестово и во„Лапидариумот“ во Охрид, со учество на дваесетина поети, музичари и уметници од седум земји.

 

Фестивалот ќе започне во 21 часот со поетски портрет на Јовица Ивановски, по што ќе следува интернационалното поетско читање „Имаго“. Во 22:30 часот ќе биде отворена изложбата на акварели „Флора“ од Ивана Настески.

 

Во следните два дена се предвидени промоции на пет поетски збирки, интернационални читања „Мозаик“, како и настапи на автори од Ирска, Хрватска, Србија, Црна Гора, Бугарија, Романија и Македонија. Програмата вклучува и музички настап на Иван Христов и Петар Чухов, како и организирано разгледување на културно-историското наследство на Охрид и природните убавини на Галичица.

 

„Поетска ноќ во Велестово“, основана од поетот Славе Ѓорго Димоски, со години ги поврзува поезијата, музиката и визуелната уметност во автентичниот амбиент на Велестово.

 

Мени за пристапност