Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

„Нона“ ја отвора новата сезона во велешкиот театар

„Нона“ ја отвора новата сезона во велешкиот театар

Театарот „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ од Велес на 11 септември, петок, во 20 часот ја отвора новата сезона со премиерата на црната комедија „Нона“, според текстот на аргентинскиот драмски автор Роберто Коса, во режија на Дамјан Костовски.

 

Во насловната улога настапува Фаик Мефаилоски, а играат и Кире Ацевски, Благојчо Стојанов, Кети Борисовска, Васил Зафирчев, Славица Манаскова и Талија Ѓорѓиева.

 

„Нона“ е приказна за едно семејство и неговата стогодишна баба чиј ненаситен апетит станува извор на низа комични, но и драматични ситуации. Преку црниот хумор и апсурдот, претставата ги отвора темите за семејството, сиромаштијата, егзистенцијата и борбата за опстанок.

 

Драматург е Катерина Момева, сценограф Филип Коруновски, костимограф Марија Пупучевска, а кореограф Кренаре Невзати Кери.

 

Со премиерата на „Нона“, велешкиот театар ја започнува новата театарска сезона, најавувајќи ја програмата со нови сценски остварувања и претстави за публиката.

Мени за пристапност