Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Народен театар Охрид со премиера и ретроспективна изложба одбележува 15 години постоење

Народен театар Охрид со премиера и ретроспективна изложба одбележува 15 години постоење

Народниот театар Охрид на 3 јуни ќе одбележи 15 години од своето основање со отворање на ретроспективната изложба „Историска патека на театарски претстави“ и премиера на претставата „Оркестар Титаник“ по текст на Христо Бојчев, во режија на Андреј Цветановски.

Изложбата ќе биде отворена во 19:30 часот во галеријата при НУ ЦК „Григор Прличев“ и ќе понуди ретроспективен преглед на најзначајните претстави на Театарот преку костими, сценографии и архивски материјали.

Јубилејната прослава ќе продолжи со 46-тата премиера на Народниот театар Охрид – „Оркестар Титаник“, со почеток во 20:00 часот. Во претставата настапуваат Никола Тодороски, Стрезо Стаматовски, Филип Кипровски, Верица Недеска и Томе Станковски.

Во духот на јубилејот, сезоната 2026 е конципирана како една од најамбициозните во историјата на Театарот, со вкупно шест нови продукции, од кои три се наменети за најмладата публика.

Мени за пристапност