Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

„Скејтбордингот не е за девојчиња“ на Дина Дума со светска премиера на Трибека фестивал во Њујорк

„Скејтбордингот не е за девојчиња“ на Дина Дума со светска премиера на Трибека фестивал во Њујорк

Македонскиот игран филм „Скејтбордингот не е за девојчиња“ во режија на Дина Дума ќе ја има својата светска премиера на престижниот Трибека фестивал во Њујорк, кој ќе се одржи од 3 до 14 јуни.

Филмот е селектиран во категоријата International Narrative Competition, главната меѓународна натпреварувачка програма на фестивалот, со што ќе биде претставен пред светската филмска јавност, професионалците од индустријата и публиката во Њујорк.

„Скејтбордингот не е за девојчиња“ ја раскажува приказната за Адела, инспирирана од сцена забележана во Скопје – девојче на скејтборд облечено во традиционални шалвари, симболичен судир меѓу слободата и традицијата.

Филмот е во продукција на „Сестри и брат Митевски“, со продуцентка Лабина Митевска, а претставува копродукција меѓу Северна Македонија, Белгија, Словенија и Хрватска.

Мени за пристапност