На 9 септември, Македонскиот народен театар ќе биде домаќин на наградуваната претстава „Уна“ на Звездара театар од Белград, во режија на Дејан Пројковски, со Никола Ристановски во главната улога.
Создадена според текстот на Стеван Копривица, инспириран од романот на Момо Капор, „Уна“ е емотивна приказна за љубовта, сеќавањата и изборите што го обликуваат човековиот живот. Покрај Ристановски, настапуваат Магдалена Мијатовиќ, Сена Ѓоровиќ и Марко Гверо.
Претставата е добитник на повеќе награди на регионални фестивали, а Никола Ристановски за својата улога освои неколку признанија за најдобро актерско остварување.
Билетите се достапни на www.mnt.mk.