Националната установа Камерен оркестар на Битола оваа недела ќе реализира два значајни концертни проекти.
На 31 јули (петок), со почеток во 20:30 часот, во НУ Завод и музеј – Битола ќе се одржи концертот „Музичко наследство“, под диригентство на Евгениј Шчербаков (Канада), со солистите Симон Поповски (виолина) и Емил Ровнер (виолончело).
Веќе следниот ден, на 1 август (сабота) во 21:00 часот, Камерниот оркестар на Битола за првпат ќе настапи на фестивалот „Охридско лето“, во црквата „Света Софија“ во Охрид. Овој настап претставува значајна пресвртница во развојот на Оркестарот и признание за неговата уметничка работа, квалитет и континуиран развој.