Министерството за култура и туризам со длабока тага ја прими веста за смртта на истакнатиот македонски актер Гоце Тодоровски, долгогодишен член на Драмскиот театар – Скопје и еден од најпрепознатливите уметници на македонската театарска сцена.
Со својот исклучителен талент, препознатлив хумор и автентична актерска игра, Тодоровски остави неизбришлива трага во македонската култура. Неговите бројни улоги во театарот, телевизијата и филмот, а особено во „Македонски народни приказни“, остануваат траен дел од македонската културна меморија.
Со неговото заминување, Македонија загуби голем уметник чие дело ќе продолжи да живее како вредно културно наследство и инспирација за идните генерации.
Министерството за култура и туризам изразува искрено сочувство до неговото семејство, колегите од Драмскиот театар и до сите што го почитуваа неговиот лик и дело.