Националниот џез-оркестар на 28 октомври во 20 часот во Националната опера и балет ќе одржи концерт „Четири децении музика и инспирација“, посветен на 40 години музичко творештво на тромбонистот, композитор и аранжер Сашко Николовски.
Со оркестарот ќе диригира Џијан Емин, а на програмата ќе бидат композиции и аранжмани на Николовски, како и дела од други македонски автори со кои соработувал во текот на кариерата.