Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

„Скупи фестивал“ го заокружи 20. јубилејно издание, доделени наградите за најдобрите

„Скупи фестивал“ го заокружи 20. јубилејно издание, доделени наградите за најдобрите

Меѓународниот театарски фестивал „Скупи фестивал“ го заокружи своето 20. јубилејно издание, што се одржа од 10 до 17 октомври во Албанскиот театар во Скопје, со осум продукции од регионот и од Европа.

Наградата за најдобра претстава ја освои „Тие веќе ги нема“ од Дорунтина Баша, во режија на Андреј Носов, а актерката Мирјана Карановиќ ја доби наградата „Луран Ахмети“ за улогата во истата претстава. Специјалната награда за актерски ансамбл ѝ припадна на екипата на „Unrecognized“, додека Бујар Ахмети беше награден за актерската игра во претставата „Гнасотија“.

На фестивалот беа претставени продукции од Косово, Албанија, Полска, Молдавија, Турција, Бугарија и од Србија, потврдувајќи ја неговата улога во развојот на меѓународната културна соработка и современиот театар.

Мени за пристапност