Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Во Софија одбележан 23 Октомври со осврт на делото на Даме Груев

Во Софија одбележан 23 Октомври со осврт на делото на Даме Груев

Со настанот „Во светлината на слободната“, вчеравечер во Македонскиот културно-информативен центар во Софија беше одбележан 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, посветен на идеалите за слобода и историското дело на македонските револуционери.

На настанот се обрати директорот на Центарот, проф. д-р Зоран Пејковски, а за историскиот контекст и македонското револуционерно движење говореше проф. д-р Михајло Марковиќ. Посебен акцент беше ставен на Даме Груев, еден од основачите на Македонската револуционерна организација, по повод 155 години од неговото раѓање и 120 години од неговата смрт.

Со ова одбележување, Македонскиот КИЦ во Софија ја продолжува својата посветеност на афирмацијата на македонската историја, култура и традиција.

Мени за пристапност