Љубителите на поп и рок-музиката утре, 21 мај 2026 година, со почеток од 20 часот, во големата сала на НУ ЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп ќе имаат можност да уживаат во музички спектакл со битолскиот оркестар „Дива“.
Публиката ќе ги проследи најдобрите МТВ поп и рок-хитови од „MTV Hits Vol. 2“, во изведба на Наде Талевска, Полина Тасева, Бојан Стојков, Александра Трајческа, Јасна Димитровска и Огнен Димовски. Организаторите најавуваат вечер исполнета со емоции, ритам и незаборавна музичка атмосфера.