Оркестарот на Македонската филхармонија вечер во 20 часот ќе одржи концерт со наслов „Музички код“, под диригентство на маестро Борјан Цанев.
На програмата се увертири од познатите оперски дела на Моцарт, Росини и Вагнер, како и „Кориолан“ од Бетовен, „Академска фестивалска увертира“ од Брамс и „Свечена увертира“ од Шостакович.
Цанев е еден од истакнатите македонски диригенти со богата меѓународна кариера и настапи со реномирани оркестри во Европа, САД и во Азија. Тој повеќе години беше главен диригент на Македонската филхармонија, а денес е редовен професор на Факултетот за музичка уметност во Скопје.
Со вечерашниот концерт, публиката ќе има можност да проследи избор од дела од различни музички епохи и да ужива во препознатливиот симфониски репертоар.