Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Молдавија повторно дел од „Креативна Европа“ од 2026 година

Молдавија повторно дел од „Креативна Европа“ од 2026 година

Од 1 јануари 2026 година, организациите, уметниците и културните професионалци од Молдавија ќе можат да учествуваат во потпрограмата „Култура“ на Креативна Европа и да аплицираат за европски средства под исти услови како и нивните колеги од другите земји од Европа.

 

Ова не е прво приклучување на Молдавија – земјата беше дел од програмата и во периодот 2014 2020 година, а сега повторно се враќа како 41. земја учесничка во актуелниот циклус.

 

Договорот за пристапување е во постапка на ратификација во националното собрание, по што молдавските организации ќе можат целосно да ги користат можностите за финансирање што ги нуди потпрограмата „Култура“.

 

Во следната фаза се очекува Молдавија да се приклучи и на потпрограмата МЕДИА, и целосно да учествува во потпрограмата Меѓусекторска соработка, откако ќе го усогласи своето законодавство со европските стандарди за аудиовизуелни медиумски услуги.

Повеќе информации може да најдете тука

Мени за пристапност