Министерството за култура и туризам информира дека се исплатени средствата наменети за самостојните уметници за 2026 година дека во текот на утрешниот ден ќе бидат достапни на нивните сметки.
Доцнењето настана поради дополнителни усогласувања и проверки во постапката на пресметка и координација со надлежните институции, со цел исплатата да биде реализирана во согласнот со важечките законски и финансиски прописи.
Министерството за култура и туризам останува посветено на навремено и континуирано исполнување на обврските кон самостојните уметници, како и на унапредување на системските решенија за надминување на вакви ситуации во иднина.