Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Министерството за култура и туризам ја промовира Република Северна Македонија на меѓународниот туристички саем ITB Asia во Сингапур

Министерството за култура и туризам ја промовира Република Северна Македонија на меѓународниот туристички саем ITB Asia во Сингапур

Министерството за култура и туризам учествува на меѓународниот туристички саем ITB Asia во Сингапур, со цел афирмација на туристичките потенцијали на Република Северна Македонија, зголемување на нејзината видливост на азискиот пазар и воспоставување нови меѓународни партнерства.

 

На саемот, Македонија се претставува како дестинација со богата и разновидна туристичка понуда, која ги обединува природните убавини, културното наследство, историјата, авантуристичкиот туризам и гастрономијата.

 

Од Охридското Езеро, заштитено од УНЕСКО, до планинските предели, традиционалните села, автентичната локална кујна, квалитетните вина и препознатливото гостопримство, земјата нуди можности за уникатни туристички доживувања во текот на целата година.

 

Учеството на ITB Asia е можност за воспоставување и зајакнување на контактите со туроператори, туристички агенции, авиокомпании и други чинители во меѓународниот туристички сектор. Особено значајно е поврзувањето со регионалните туристички понуди и нејзиното вклучување во туристички аранжмани за Западен Балкан и Европа, наменети за посетителите од азиските пазари.

 

На македонскиот штанд се претставуваат македонските туроператори „Ајдинис травел“, „Балкан Прајм Турс“, „Македонија турист“, „Бадемтур“ и „Камелија“, кои имаат можност да ги промовираат своите услуги и да воспостават контакти со потенцијални меѓународни партнери.

 

ITB Asia е значајна платформа за меѓународно поврзување, размена на искуства и создавање деловни партнерства во туристичкиот сектор. Преку учеството на овој саем, Министерството за култура и туризам ја потврдува својата заложба за отворање нови пазари, поддршка на домашните туристички субјекти и поттикнување одржлив развој на туризмот.

Мени за пристапност