Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, на 3 април (петок) во 10:30 часот ќе го посети манастирскиот комплекс во Лешок.
За време на посетата, министерот Љутков, директорот на Националниот конзерваторски центар Александар Јорданоски и митрополитот на Тетовско-гостиварската епархија, владиката Јосиф, ќе направат увид во активностите за конзервација, реставрација, санација и ревитализација на стариот конак.
Во 11:30 часот се предвидени изјави за медиумите.