Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Меѓународна групна изложба во Националната галерија

Меѓународна групна изложба во Националната галерија

Националната галерија на РС Македонија ја претставува меѓународната групна изложба со жени уметници од Македонија, Грција, Србија и од Кипар, под наслов Скриеното трето: Некаде помеѓу присуството и отсуството. Изложбата, по нејзината премиера во Атина во галеријата „Арт проект спејс“ (Art Project Space), во мај годинава, сега ја презентираме на македонската публика, во Мултимедијалниот центар Мала станица. Изложбата ќе биде отворена на 3 октомври во 20 часот и таа ќе биде достапна за публиката до 25 октомври 2025 година.  Кураторки на изложбата се д-р Ана Франговска, кустос советник во Националната галерија на РС Македонија, и независната историчарка на уметност од Грција, Ники Папаспиру.

Изложбата се развива по имагинарна оска што се протега од Белград до Никозија, со Скопје и Атина како клучни точки во оваа геополитичка и културна поврзаност. Тринаесетте македонски, грчки, српски и кипарски уметници ќе претстават дела во медиуми како што се просторни и звучни инсталации, видеа, објекти, слики, цртежи и перформанс. Изложбата создава феминистички простор на соживот, отпор и прекомпонирање, потенцирајќи ја важноста на уметничкиот израз во постојано променливиот свет.

Учеснички се уметниците: Слободанка Ступар, Аница Вучетиќ, Дарија С. Радаковиќ, Анита Аргироилиопулу, Ефи Фурики, Катерина Евангелаκу, Моника Мотеска, Вана Урошевиќ, Дијана Томиќ, Славица Јанешлиева, Клица Антониу, Марина Касианиду, Елина Јоану.

Мени за пристапност