Во амфитеатарот во Струмица вечер (4.8.2026 г.) во 20:30 часот ќе биде отворен Меѓународниот филмски фестивал „Астерфест“. На отворањето, на актерката Синоличка Трпкова ќе ѝ биде врачена наградата „Астер“ за придонес во филмската уметност.
Во рамките на првата фестивалска вечер ќе бидат прикажани 10 кратки филма од интернационалната натпреварувачка програма, меѓу кои и оскаровецот „Девојчето што ронеше бисери“ во режија на Крис Левис и Мациек Шчербовски. Веднаш потоа следува специјална проекција на британскиот документарец „Версус: животот и филмовите на Кен Лоуч“ во режија на Луис Осмонд.
Фестивалот ќе продолжи утре во 11:00 часот, со тивериополската филмска посета на манастирот во Велјуса, а вечерта ќе бидат прикажани уште седум кратки филма од натпреварувачката селекција, меѓу кои и два македонски, по што ќе следува проекција на долгометражниот филм на Митко Панов „Железна тврдина“, во македонско-швајцарско-американска копродукција.
Влезот за сите проекции на фестивалот, што ќе трае до 8 август, е слободен.
Меѓународното стручно жири го сочинуваат Теа Китаришвили, Бернард Дичек и Ана Витанова-Рингачева.
„Астерфест“ е поддржан од Општина Струмица и од македонската Агенција за филм.