Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

„СИГНУМ“ квартет вечерва ќе настапи на „Охридско лето“

„СИГНУМ“ квартет вечерва ќе настапи на „Охридско лето“

Словенечко-германскиот квартет саксофони „СИГНУМ“ вечерва со почеток во 21 часот ќе одржи концерт во црквата „Света Софија“, во рамките на фестивалот „Охридско лето“.

 

Ансамблот го сочинуваат Михаил Кнот, Јакопо Тадеи, Алан Лужар и Едоардо Зоти – четворица врвни саксофонисти кои преку уникатен спој на класична, барокна и современа музика, како и аранжмани на рок-класици, создаваат препознатлив и впечатлив музички израз.

 

„СИГНУМ“ е добитник на бројни меѓународни признанија, а зад себе има настапи на престижни светски сцени, меѓу кои и „Карнеги Хол“, како и соработки со истакнати уметници како Даниел Хоуп, Ксенија Сидорова и Фазил Сај. Ансамблот има издадено повеќе албуми, а од 2024 година е резидентен ансамбл на „Баер Култур“.

Мени за пристапност