Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Јубилејно издание на „Дрим шорт фестивал“ во Струга

Јубилејно издание на „Дрим шорт фестивал“ во Струга

Oд 5 до 9 август во Струга ќе се одржи десеттото, јубилејно издание на фестивалот на краток филм „Дрим шорт“. Главната програма на фестивалот ќе се одржи во Паркот на поезијата, додека другите настани се распределени во Европска куќа – Струга, мезе-бар „Кингстон“ и кафе-бар „Дуќан“. Отворањето на фестивалот ќе биде придружено со концерт на Дина Јашари.

 

Во текот на петте фестивалски дена, филмовите се поделени во пет натпреварувачки програми: меѓународна, регионална, национална, студентска и специјална програма „Соочување со минатото“ во соработка со „Про Пис“.

 

Жирито го сочинуваат меѓународни интернационални филмски уметници: Масимилијано Нардули, сценарист; Верица Недеска, актерка; Цанко Василев, продуцент и Гледис Бица, режисер. Специјални гости на јубилејното издание на фестивалот се двајца реномирани сценаристи, Пјер Хоџсон и Масимилијано Нардули, кои ќе одржат мастер-класови. 

 

Влезот за сите настани е бесплатен.

 

Генерален покровител на гoдинашното издание на фестивалот е Агенцијата за филм.

Мени за пристапност