Македонското слово како мост меѓу културите беше една од темите на дискусијата во рамки на 59. Меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура, што во организација на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје се одржува во Охрид.
На Семинарот директорот на Македонскиот културно-информативен центар во Софија и дипломатски советник, Зоран Пејковски, се осврна на значењето на македонистиката и потребата од нејзино понатамошно развивање и афирмација во меѓународните академски и културни средини.
Пејковски ја претстави и работата на Македонскиот КИЦ во Софија, насочена кон промоција на македонското творештво и создавање културни и академски врски.