Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Со „Као какао“ спуштена завесата на 66. „Охридско лето“

Со „Као какао“ спуштена завесата на 66. „Охридско лето“

Со мјузиклот „Као какао“ заврши фестивалот „Охридско лето“, кој започна на 12 јули на Античкиот театар. Со изборот на оваа домашна голема сценска продукција за последната фестивалска вечер, 66. „Охридско лето“ ја заокружи четириесетдневната програма, во која охридските сцени беа домаќини на музичари, актери и ансамбли од Македонија и од светот.

 

Со четириесет дена исполнети со музика, театар, балет и џез, 66. издание на „Охридско лето“ понуди 48 фестивалски настани со повеќе од 700 уметници од 24 земји. Фестивалските сцени беа исполнети со врвни домашни и странски уметници, а публиката со своето присуство и долгите аплаузи го потврди огромниот интерес за програмата.

 

Особено впечатлива беше свечената оперска гала „Љубов“, со светската оперска ѕвезда Ермонела Јахо и тенорот Чарлс Кастроново, која го исполни Античкиот театар со повеќе од 4.000 посетители. Голем интерес имаше и за бројни други настани, меѓу кои концертите на Стефан Миленковиќ, Ана и Игор Дурловски и Националниот џез-оркестар, како и четирите џез-вечери во рамки на OH, JAZZ 2026.

 

„Охридско лето“ и годинава понуди богата и разновидна програма, од класична музика и опера, до театар, балет, џез и современи музички форми, а значаен дел беа и содржините посветени на македонското културно наследство.

 

66. издание на фестивалот остава зад себе бројни незаборавни уметнички средби и силни емоции, потврдувајќи дека „Охридско лето“ останува една од најзначајните културни манифестации во земјава и препознатлив дел од европската фестивалска сцена.

Мени за пристапност