Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Драмскиот театар со „Гидионовиот јазол“ гостуваше на Бриони

Драмскиот театар со „Гидионовиот јазол“ гостуваше на Бриони

Драмскиот театар од Скопје вчеравечер гостуваше на Бриони, Хрватска, каде што со претставата „Гидионовиот јазол“ настапи во рамките на фестивалот на Регионалната унија на театри (РУТА), чиј домаќин беше театарот „Улисис“.

Претставата, во режија на Драгана Милошевски-Попова, беше изведена во летното кино, а во неа настапија актерките Биљана Драгиќевиќ-Пројковска и Ања Митиќ. Драматург на претставата е Викторија Рангелова-Петровска, а текстот е на авторката Џона Адамс.

Гостувањето на Бриони претставува дваесетта изведба на претставата „Гидионовиот јазол“, која досега е изведувана на повеќе фестивали во земјава и во регионот.

Мени за пристапност