Македонскиот културно-информативен центар во Загреб вечер организира аудиовизуелно предавање „Историјата на македонската рок-музика и рок-култура“ на истражувачот и хроничар Тошо Филиповски, еден од најзначајните документаристи на македонската рок-сцена.
Преку богата презентација на архивски фотографии, видеоматеријали и музички записи, публиката ќе има можност да го проследи шестдеценискиот развој на македонската рок-музика – од нејзините почетоци до денес. Настанот е поддржан од Министерството за култура и туризам, а ќе го отвори директорката на Македонскиот КИЦ во Загреб, Мими Ѓоргоска Илиевска.
По Загреб, Филиповски ќе ја продолжи турнејата низ Хрватска со предавања во Риека, Пула, Сплит и во Дубровник, промовирајќи ја богатата историја на македонската рок-музика и рок-култура.