Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Македонскиот КИЦ во Загреб партнер на „Poetic Bridge Festival“

Македонскиот КИЦ во Загреб партнер на „Poetic Bridge Festival“

Македонскиот КИЦ во Загреб, како земја партнер, учествуваше на меѓународниот поетски фестивал „Poetic Bridge Festival“, што се одржа во Центарот за култура Трешњевка (CeKaTe) во Загреб. Македонија ја претстави реномираната поетеса Сузана В. Спасовска.

 

Спасовска учествуваше во повеќејазичните поетски читања и на меѓународната панел-дискусија посветена на поезијата, преводот и јазичните граници. Во рамките на фестивалот се одржаа и уметнички работилници, а на затворањето настапи вокалниот етноансамбл „Езерки“.

 

Фестивалот беше организиран во соработка со Институтот Лист – унгарски културен центар во Загреб и македонскиот КИЦ, со поддршка од надлежните министерства за култура на Хрватска и на Северна Македонија. Учеството придонесува за продлабочување на хрватско-македонските културни врски и промоција на македонската книжевност и култура во Хрватска.

Мени за пристапност