Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Македонскиот КИЦ во Загреб ја отвора концертната програма со триото АПЕРТО

Македонскиот КИЦ во Загреб ја отвора концертната програма со триото АПЕРТО

Македонскиот КИЦ во Загреб утре, 19 мај, во 19 часот, со концерт на реномираното трио АПЕРТО, ќе ја отвори концертната програма за оваа година. Триото, во состав Марина Трајковска и Момчило Куфојанакис на виолина и Весна Ангелова Христов на пијано, ќе изведе програма со дела од светската класична музика и современото македонско творештво.

 

АПЕРТО е препознатливо по својата активна концертна дејност во земјава и во странство, со настапи во Тирана, Истанбул и во Њујорк, а нивната ретка камерна формација – две виолини и пијано – претставува вистинско освежување на концертната сцена. Со овој настан, КИЦ во Загреб продолжува да ја промовира македонската култура и музичка уметност на меѓународен план.

Мени за пристапност