Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Самостојна изложба „Живи артефакти – Трансценденција“ на академскиот уметник Филип Јовески

Самостојна изложба „Живи артефакти – Трансценденција“ на академскиот уметник Филип Јовески

На 22 мај 2026 година (петок), со почеток во 19:30 часот, во ликовната галерија при НУ Музеј Куманово ќе биде отворена самостојната изложба „Живи артефакти – Трансценденција“ на академскиот мултимедијален уметник Филип Јовески од Прилеп.

 

Изложбата претставува трет дел од циклусот „Живи артефакти“ и преку спој на традиционални техники, дигитална уметност и аугментирана реалност го истражува односот меѓу физичката и виртуелната реалност. Делата се инспирирани од културното наследство и мотивите на народните носии, а проектот претставува синтеза на визуелна уметност, архитектура, анимација и современи технологии.

 

Посетителите ќе имаат можност да доживеат уникатно мултимедијално искуство во кое аналогното уметничко дело се трансформира во дигитална и интерактивна форма, отворајќи нови перспективи за перцепција и комуникација со уметноста.

 

Филип Јовески е наградуван мултимедијален уметник, магистер по фини уметности и автор со богато меѓународно искуство, кој досега реализирал изложби и проекти во повеќе европски земји.

Мени за пристапност