„Вода: Од исконски верувања до современ пулс“ е насловот на изложбата што ќе биде отворена на 18 мај 2026 година, со почеток во 13:00 часот, во Музејот на Македонија во Скопје.
Изложбата, со која ќе биде одбележан Меѓународниот ден на музеите – 18 Мај, се реализира во соработка со Археолошкиот музеј на Македонија и Музејот „Д-р Никола Незлобински“ од Струга.
Станува збор за изложба која низ археолошки, етнолошки и уметнички пристап ја истражува водата како суштински елемент во животот, верувањата и културниот развој на заедниците.
Преку различни артефакти и уметнички интерпретации, поставката го прикажува патувањето на водата од природен ресурс до симбол на духовност, моќ и идентитет.
Автор на изложбата е Јован Шурбаноски, а коавтор Александра Папазовска.