Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Македонскиот КИЦ и Кинотеката го започнаа новото патување на македонскиот филм низ Хрватска

Македонскиот КИЦ и Кинотеката го започнаа новото патување на македонскиот филм низ Хрватска

Вчеравечер во киносалата на Центарот за култура Златна врата во Сплит беше отворен вториот патувачки Фестивал на македонски филм, оваа година посветен на македонскиот документарен филм.

 

Публиката во полната сала ја поздравија Тамара Висковиќ – водителка на програмата за култура при Центарот за култура Златна врата, Марта Жаја – претседателка на Македонското културно друштво Македонија од Сплит, Мими Ѓоргоска-Илиевска – директорка на македонскиот КИЦ во Загреб и Бошко Грујоски – директор на Кинотеката на Македонија. 

 

Годинашното фестивалско издание на својата прва дестинацијa во Сплит беше отворено со документарно-играниот филм Железна тврдина, најново филмско остварување на македонскиот реномиран режисер Митко Панов.

 

Македонскиот КИЦ во Загреб и оваа година патувачкиот Фестивал на македонски филм го организира во партнерство со Кинотеката на Македонија и хрватската мрежа на независни киноприкажувачи како дел од сопствената годишна програма поддржана од Министерството за култура и туризам.

 

Фестивалското издание во Сплит се одржува во соработка со Македонското културно друштво Македонија“ од Сплит и Центарот за култура Златна врата.

 

Во текот на септември и октомври, во знакот на одбележување 35 години независност, Фестивалот на македонски филм продолжува во 11 градови низ Хрватска.

 

Мени за пристапност