Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Македонски врвни музички изведувачи неделава во Белград

Македонски врвни музички изведувачи неделава во Белград

Македонскиот КИЦ во Белград неделава ќе биде домаќин на врвни македонски музички изведувачи, кои со светски позната музичка програма, но и со програма од македонски композитори, ќе се претстават пред белградската публика.

Вечер во 20 часот во Културниот центар на Белград (ул. „Кнез Михајлова“ бр. 6), КИЦ во Белград во соработка со една од најпознатите културни институции во главниот град на Србија, ќе организира концерт на две наши познати пијанистки, Ана Гацева и Татјана Џорлева. Концертот за четирирачно пијано на кој ќе се претстават професорките Гацева и Џорлева содржи програма од Ерик Сати, Едвард Григ, Антонин Дворжак и од македонскиот композитор Дамјан Темков.

В среда (12 ноември) во 19 часот во просториите на КИЦ во Белград ќе се претстави реномираниот дувачки квинтет Консонанс со: Маја Чанаќевиќ (англиски рог); Јана Каевска (флејта); Здравко Ангелов (кларинет) и Сашко Темелковски (бас-кларинет). На програмата ќе бидат изведувани дела од Чајковски, Барток и Стравински, но и дела од тројца македонски композитори Цанев, Чедомирски и Илиевски.

 

Мени за пристапност