Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Македонската уметност и музика претставени во Загреб

Македонската уметност и музика претставени во Загреб

Македонскиот КИЦ во Загреб ја отвори новата концертна и галериска сезона со уметничка вечер посветена на графичката уметност и класичната музика.

 

Пред загрепската публика беше отворена изложбата „Дисциплина на кратки патеки“ на графичарот Евгениј Пантев, а концертен рецитал одржаа кларинетистот Ристо Ѓоревски и пијанистката Елена Атанасовска-Ивановска.

 

На концертот беа изведени дела од светскиот класичен репертоар, како и композиции од македонските автори Благој Цанев, Дамир Имери и Кире Костов. Настанот, на кој се обратија амбасадорот Драган Ѓурчевски и директорката на КИЦ Мими Ѓоргоска-Илиевска, наиде на голем интерес и беше проследен со долг аплауз.

Со оваа уметничка вечер, КИЦ во Загреб продолжува со програмите за промоција на македонското современо творештво пред хрватската публика.

Мени за пристапност