Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Македонската уметница Јана Луловска со самостојна изложба во Њујорк

Македонската уметница Јана Луловска со самостојна изложба во Њујорк

Во „Галерија МЦ“ (Gallery MC) во Њујорк денеска ќе биде отворена самостојната изложба „Природно“ (Effortless) на македонската интердисциплинарна уметница Јана Луловска. Изложбата ќе биде достапна за посетители до 13 ноември.

 

„Effortless“ претставува избор на дигитални графики кои ги истражуваат темите на флуидност, трансформација и природниот тек на животот. Користејќи дигитални алатки, Луловска создава визуелен простор во кој движењето и промената се централни елементи на изразување.

 

Изложбата е инспирирана од движењето Флуксус и нуди уметничка визија за убавината во секојдневните транзиции.

Мени за пристапност