Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Македонската и турската културна дипломатија со заедничка изложба во КИЦ во Белград

Македонската и турската културна дипломатија со заедничка изложба во КИЦ во Белград

Во преполната сала на Македонскиот културно-информативен центар во Белград беше свечено отворена изложбата „Патувањето на парите“ од м-р Даниела Николова, во присуство на голем број претставници од дипломатскиот кор, академската јавност, македонската и турската заедница и медиумите.

 

Настанот ја означи и првата соработка меѓу КИЦ во Белград и турските институти „Јунус Емре“ во Скопје и во Белград, како значаен чекор кон продлабочување на културната размена. Свои обраќања имаа амбасадорите Никола Тупанчески и Илхан Сајхл, како и претставници на институциите и авторката на изложбата.

 

Беше истакнато дека монетите од Скопје и од Кратово претставуваат вредно сведоштво за економскиот, културниот и општествениот живот низ вековите, но и симбол на поврзаноста меѓу народите. Воедно, изложбата ја нагласува важноста на културната дипломатија и соработката во современиот контекст.

 

Изложбата ќе биде отворена за посетители до 8 април.

Мени за пристапност