Со еден клик до сите услуги

https://uslugi.gov.mk/

Љубов, надеж и трагедија: „Мадам Батерфлај“ на сцената на Националната опера и балет

Љубов, надеж и трагедија: „Мадам Батерфлај“ на сцената на Националната опера и балет

На 13 март во 19:30 часот на сцената на Националната опера и балет ќе биде изведена операта „Мадам Батерфлај“ од Џакомо Пучини – едно од најемотивните и најизведувани дела на светскиот оперски репертоар. Станува збор за музичка драма со силна човечка приказна, во која љубовта, надежта и предавството се испреплетуваат во трагична судбина.

Диригент на претставата е гостинот од Грција, Мирон Михаилидис, а режијата ја потпишува Александар Текелиев (Бугарија). Сценографијата е на Живојин Трајановиќ, костимографијата ја изработи Лира Грабул, концерт-мајстор е Верица Ламбевска, а хор-мајстори се Јасмина Ѓорѓеска и Ѓургица Дашиќ.

Во насловната улога, Чо Чо Сан (Мадам Батерфлај), настапува Сандра Митровска, во улогата на Пинкертон – Зоран Сотиров, а во улогата на Шарплес – Педро Кариљо (Венецуела). Во другите улоги настапуваат: Марика Поповиќ, Исмет Вејсели, Невен Силјановски, Игор Гиновски, Соња Пендовска Мадевска, Валентина Димитриевска, Марко Димовски, Марко Гапо, Дарко Станојловски, Борко Биџовски, Филип Мирчевски, Никола Чедомировски, Шинаси Рамдан и Васко Здравков, заедно со хорот и оркестарот на Националната опера и балет.

Мени за пристапност